Ivana Ramadanova
19 Февруари 2016•Ажурирај: 20 Февруари 2016
ГЕВГЕЛИЈА АА - Бегалците кои од Грција ќе сакат да влезат во територијата на Македонија, од денеска ќе бидат регистрирани на нов начин преку таканаречениот биометриски ситем, јавува Anadolu Agency (AA).
Според првичните информации, овој систем ќе опфаѓа пополнување на образец, преку кој на мигрантите ќе им бидат земени нивните биометриски податоци, а истовремено ќе биде извршена проверка дали мигрантите го зборуваат јазикот на земјата од која пријавиле дека доаѓаат.
"Овој биометриски систем кој патем е донација е во фаза на монтажа и за кратко треба да започне да функционира", велат за АА од МВР, додавајќи дека јавноста дополнително ќе биде запознаена со деталите.
Биометрискиот ситем ќе овозможи бегалците да се регистрираат на едно место, а потоа на образецот што го добиваат ќе им биде ставан печат од земјите каде поминуваат и ќе се проверуваат податоците што се внесени во образецот.
За сега границата кон соседна Србија од српската страна не е затворена за мигрантите, туку има привремен застој поради новиот начин на регистрација, велат од МВР, додавајќи дека не е затворена ниту макдеонската граница кон Грција.
Новиот начин на регистрација следува по вчерашното потпушување на заедничкиот договр од страна на земјите од Блканската рута. Заедничка профилација и регистрација на мигрантите на македонско – грчката граница вчера во Загреб договорија претставниците на словенечката, хрватската, австриската, српската и македонската полиција.
Целта е во иднина да се намали бројот на повратници, односно бројот на мигранти кои државите ги враќаат во земјите од каде што ги поминале границите. Откако шефовите на полициите на овие пет земји потпишаа изјава за заедничко профилирање и регистрирање на мигранти па и нјивното превезување од Македонија кон Австрија, односно Германија.