Hakan Ceyhan Aydoğan
04 Мај 2016•Ажурирај: 05 Мај 2016
МОСКВА (АА) - Овогодишниот добитникот на награда за најдобра новинска фотографија на меѓународниот натпреварот Istanbul Photo Awards, кој по втор пат го организира Anadolu Agency (AA) и добитникот на Пулицеровата награда за фотографија за оваа година, рускиот фотограф Сергеј Пономарев ги сподели своите чувства во разговор за Аnadolu Аgency.
Пономарев со фотографијата „Бегалци“ ни ја прикажува драмата на бегалците во Егејското Море, кои бегајќи од војната во Сирија се обидуваат да стигнат до Европа, ја доби главната награда на Istanbul Photo Awards во месец март во категоријата за единечна вест и со истата фотографија ја доби и Пулицеровата награда.
Пономарев во разговор за АА изјави дека добивањето на Пулицеровата награда може да му го промени животот и додаде: „Се разбира дека овој успех не е само мој. За овој успех, кој ни го прикажува најголемиот проблем во светот од еден друг агол е голем удел има тимот на еден весник кој е составен од Русин, Американец, Бразилец и Германец.“
Истакнува дека уште од школските денови се занимава со фотографија, по работата во најразлични руски весници, осум години работел за меѓународна новинска агенција.Последните три години одлучил да работи како слободен фотограф за да остави свој белег во историјата.
- Приказна за наградената фотографија
Пономарев истакна дека настаните на Блискиот исток се во центарот на вниманието и во врска фотографијата која ги доби првите награди на Istanbul Photo Awards и Пулицер ја раскажа следната приказна:
„Времето беше многу лошо, проследено со силен ветер и високи бранови. Морето не можеше да се премине со гумени чамци и затоа мигрантите се обидуваа Егејското Море да го поминат со стари но дрвени бродчиња. Едно од тие бротчиња е на мојата фотографија. Бротчето се доближи до крајбрежјето каде водата беше длабока. Откако луѓето почнаа да скокаат во морето, капетанот се обиде да го однесе бротчето во поплитки води. Мојата фотографија го доловува тој момент, некои од бегалците се веќе во вода, додека останатите се подготвуваат да скокнат додека бродот се едвижи. Тоа беше драматична сцена.“
Добитникот на престижните награди соопшти дека два месеци престојувал во областа каде е направена фотографијата.
„На почетокот чекавме по три дена за да едно бротче се приближи на обалата. Подоцна се случуваше и по 50 бротчиња да пристигнат во еден ден. За да ги фотографираме минувавме од еден брег на друг“, раскажа Пономарев.
„Откако ја направив фотографијата, не мислев дека ќе освојам награда“, рече Пономарев, и додаде: „На оваа тематика имам направено над 1.000 фотографии. Од сите нив требаше да се избере фотографија која во себе носи повеќе од едно значење. Изборот го правев во тие рамки. Ги следев сите насоки на мигрантите. Оваа призакна започна во Грција, каде е навравена и оваа фотографија. Оваа фотографија доловува почеток на една приказна. Затоа и привлекува внимание“
- „Го следам Istanbul Photo Awards“
Рускиот фото-репортер Пономарев изјави дека го следи Istanbul Photo Awards, на кој минатата година учествувале негови пријатели, а оваа година и самиот земал учество, но призна дека бил изненаден кога кога дознал дека ее добитник на наградата.
„Бев во Саудиска Арабија кога беа истакнати резултатите. Тоа за мене тоа беше многу неочекувано. Ме побараа и ме известија дека сум влезен во потесниот круг и дека резултатите ќе можам да ги следам на интернет станицата на Istanbul Photo Awards. Овој мој успех го прославив две недели подоцна по моето враќањето во Москва“, откри Пономарев.
Пономарев рече дека својата професија ја работи со задоволство, при што ја откри тајната на неговиот успех.
На почетокот од кариерата, ме научија дека секоја фотографија треба да ја работам како да ми е последна. Треба да ти се достојни фотографиите под кои се потпишуваш“.