Muhammed Ali Toruntay
20 Април 2019•Ажурирај: 20 Април 2019
АНКАРА (AA) - Најмалку четворица турски војници загинаа, а шестмина се ранети во судир со терористите на ПКК на границата на Турција и Ирак, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението од Министерството за одбрана на Република Турција наведено е дека дошло до судир на војската и терористите на границата со Ирак.
„Во судирот загинаа четири, а ранети се шест војници“, се наведува во соопштението.
Нагласено е дека двајца војници загинале во судирот, додека други двајца починале откако им подлегнале на задобиените рани во болница.
По размена на огнот со терористите, турските воздушни сили покренаа опсежна акција врз терористичките позициите во регионот.