Kenan Irtak
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ („Turkish Airlines“) соопшти дека минатата година 72,5 милиони патници патувале со оваа авиокомпанија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во видео објавено на твитер-профилот на „Туркиш ерлајнс“ се наведува дека во флотата на оваа авиокомпанија биле додадени 12 нови авиони, со што бројот на авиони на „Туркиш ерлајнс“ се зголемил на 332.
Во мрежата на летови на оваа авиокомпанија се додадени дополнители 6 линии, и е забележан пораст од 9,5 отсто во бројот на патници, односно 72,5 милиони патници патувале со оваа турска авиокомпанија.
„Пропатувавме 866 милиони и 663 илјади километри. Овозможивме околу 600.000 наши патници преку безжичен интернет да се поврзат со своите сакани“, се вели во видеото, во кое „Туркиш ерлајнс“ нагласува дека нивниот центар за повици нуди услуги на 14 јазици.
„Со 'Turkish Cargo' го превезувавме товарот на светот. 1,4 милиони пратки ги доставивме до своите сопственици. Со нашата академија за образование придонесовме во светското воздухопловство. Летавме кон успеси. Нашето знаме со гордост го носевме во 305 града и 124 земји“, се истакува во видеото за кое станува збор, каде што се додава дека оваа авиокомпанија има летови кон најмногу земји во светот.