Ekipa
30 Јануари 2017•Ажурирај: 31 Јануари 2017
ПАРИЗ (АА) - Француската авиокомпанија „Ер Франс“ денес беше принудена да отстрани од летот 21 патник поради привремената забрана на претседателот Доналд Трамп, пренесува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за патници државјани на седумте муслимански земји за кои Трамп донесе забрана за влез во САД, а тоа се Ирак, Сирија, Иран, Судан, Либија, Сомалија и Јемен.
Во соопштението на „Ер Франс“ се вели дека по објавувањето на новите рестрикции од страна на американската администрација, тие немале друг избор освен да им го забранат летот на некои патници кои требало да се превезуваат во американските летови.
Портпаролката на „Ер Франс“ изјави дека 21 патник се вратени до почетната дестинацијата или се згрижени на некој друг начин.
Компанијата не ги објави имињата на патниците, нивната националност и други детали.