Barış Kılıç,Sertaç Bulur
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Припадник на терористичката организација ФЕТО и менаџер на печатницата која го печати весникот на ФЕТО во Азербејџан, Ибрахим Е., ѝ е испорачан на Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде новинарот на АА, Ибрахим Е. бил менаџер на печатницата која го печати весникот на ФЕТО во Азербејџан, а воедно и едно од водечките имиња на ФЕТО во таа земја. Ибрахим Е. во текот на изминатите денови, во придружба на двајца азербејџански полицајци, со авион е префрлен во Истанбул.
Ибрахим Е. потоа е префрлен во Анкара, каде што против него е започната истрага, а во тек е криминалистичка обработка во Одделот за борба против тероризмот на полицијата во главниот турски град.
Освен тоа, при обид за влез во Турција, на аеродром е уапсен Зубејир Г., под обвинение за „членство во терористичка организација“. Зубејир Г. во структурата на ФЕТО во Нигерија, дејствува како генерален директор на една компанија во таа земја.
За Зубејир Г. е утврдено дека преку социјалните мрежи пишувал пофални зборови за терористичката организација ФЕТО.
Терористичката организација ФЕТО во седумдесеттите години на минатиот век почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во осумдесеттите значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции, и на крајот, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.
За време на обидот за воен удар во Турција се убиени најмалку 251 лице, а беа повредени 2.200 лица. Турските надлежни институции водат опсежна истрага во судските постапки против оваа терористичка организација.