Gökhan Ergöçün
30 Јануари 2019•Ажурирај: 31 Јануари 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - На овогодишното Меѓународно експо за видеоигри ќе учествуваат над 100.000 учесници, јавува Anadolu Agency (AA).
Четиридневниот настан „Gaming Istanbul“ (GIST) 2019 ќе започне утре во уметничко-изложбениот центар „Евроазија“.
Дел од експото ќе биде и наградниот „гејминг-турнир“, а ќе има и посебен простор наменет за „гејмерите“, дел за шопинг, за ретроигри, а како дел од експото ќе бидат организирани настани за професионалци.
„Gaming Istanbul“ ќе биде домаќин на голем број светски познати технолошки и компании за видеоигри.
На настанот во делот за ГИСТ-конференции, говори ќе одржат и неколку професионалци и експерти од тој сектор.
Минатата година, експото беше посетено од над 90.000 луѓе.
Турција, со остварен извоз на видеоигри од над една милијарда долари минатата година, претставува клучен играч во овој сектор со својата млада популација.