Турција

Низ турските аеродроми за 11 месеци поминале 197 милиони патници

Генералниот директорат на државните аеродромски власти (DHMI) денес соопшти дека бројката на патници кои поминале низ турските аеродроми во овие 11 месеци се искачил за 9,7 отсто на годишно ниво

Muhammed Ali Gürtaş  | 06.12.2018 - Обновена : 07.12.2018
Низ турските аеродроми за 11 месеци поминале 197 милиони патници

Ankara

АНКАРА (АА) - Во периодот од јануари до ноември годинава низ турските аеродроми регистрирани се околу 197 милиони патници кои ги користеле домашните и меѓународните летови, јавува Anadolu Agency (AA).

Генералниот директорат на државните аеродромски власти (DHMI) денес соопшти дека бројката на патници кои поминале низ турските аеродроми во овие 11 месеци се искачил за 9,7 отсто на годишно ниво.

Официјалните бројки покажуваат дека 46,7 отсто од вкупните патници патувале на меѓународни летови.

Од 56 аеродроми во земјата, истанбулскиот аеродром „Ататурк“, кој се наоѓа на европската страна од градот, бил најфреквентен, со околу 63 милиони патници, речиси 18 милиони патници на домашните летови и 45 патници на меѓународните летови.

По него следува истанбулскиот аеродром „Сабиха Ѓокчен“, со околу 31,5 милиони патници, одбележувајќи годишен пораст од 9 отсто.

По аеродромите во Истанбул, на трето место се наоѓаат аеродромите во Анталија (39,7 милиони), во главниот град Анкара (15,6 милиони) и во турската област Измир (12,5 милиони).

Аеродромските власти, исто така соопштуваат дека вкупниот авионски сообраќај, вклучувајќи ги и прелетувањата во турскиот воздушен простор, се зголемил за 6 отсто, достигнувајќи 1,87 милиони летови со вкупно 3,54 милиони тони пренесен товар - багаж, карго, пошта.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.