Турција

Истрага против ФЕТО во Турција: Уапсени 97 припадници на турската Војска

Во рамките на истрагата што ја спроведува Обвинителството во Анкара, распишана е потерница за 87 лица во Воздушните сили на Република Турција, а по спроведените акции уапсени се 41 лице, а од нив веќе осум се проследени до Судот.

Muhammed Enes Can  | 07.12.2018 - Обновена : 08.12.2018
Истрага против ФЕТО во Турција: Уапсени 97 припадници на турската Војска

Istanbul

АНКАРА (АА) - Најмалку 97 лица се уапсени во повеќе турски градови по потерница во рамките на истрагата против терористичката организација ФЕТО/ПЈД. Станува збор за апсење на структурите на ФЕТО инфилтрирани во Вооружените сили на Република Турција, јавува Anadolu Agency (AA).

Според информациите до кои дојде АА, во рамките на истрагата што ја спроведуваат повеќе турски обвинителства, уапсени се повеќе лица во Војската поврзани со терористичката организација ФЕТО.

Во рамките на истрагата што ја спроведува Обвинителството во Анкара, распишана е потерница за 87 лица во Воздушните сили на Република Турција, а по спроведените акции уапсени се 41 лице, а од нив веќе осум се проследени до Судот.

По потерницата на Судот во градот Коџаели, во повеќе турски градови се уапсени најмалку осум припадници на Војската, исто така поради поврзаност со ФЕТО.

Криминалистичката обработка е завршена, а по истата потерница се трага по уште пет лица.

По потерница на Судот во градот Зонгулдак, уапсени се осум лица, на Судот во Кајсери 26 и по потерница на Судот во Караман 14 припадници на ФЕТО.

Судот во Истанбул распиша потерница за 41 припадник на Војската, кои биле на должност во истанбулската жандармерија.

Терористичката организација ФЕТО во седумдесеттите години на минатиот век почна да ги инфилтрира своите поданици во безбедносните институции на Турција, во осумдесеттите значително ги зајакна своите паралелни структури во тие институции, и на крајот, на 15 јули 2016 година, изврши неуспешен обид за воен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната турска власт.

За време на обидот за воен удар во Турција се убиени најмалку 251 лице, а беа повредени 2.200 лица. Турските надлежни институции водат опсежна истрага во судските постапки против оваа терористичка организација.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın