Турција

На птица со скршено крило за првпат е вграден фиксатор од платина

Станува збор за заштитен вид птица од видот „голем воден бик“ (Botaurus stellaris), која со скршено крило ја пронашол жител на местото Богуртлен, во близина на Тунџели

Yunus Hocaoğlu  | 06.12.2018 - Обновена : 09.12.2018
На птица со скршено крило за првпат е вграден фиксатор од платина Yunus Hocaoğlu/АА

Tunceli

ТУНЏЕЛИ (АА) - Со зафатот кој го извршија доктори ветеринари од турскиот град Тунџели, вграден е фиксатор на заштитена птица на која ѝ е скршено крилото, а по првпат кај птица е вграден фиксатор од платина, јавува Anadolu Agency (AA).

Станува збор за заштитен вид птица од видот „голем воден бик“ (Botaurus stellaris), која со скршено крило ја пронашол жител на местото Богуртлен, во близина на Тунџели.

Тој за тоа ја известил Канцеларијата на гувернерот, како и претставниците на Управата на градот Тунџели, по што птицата е префрлена во Центарот за привремена грижа и рехабилитација на уличните животни.

Со деталниот преглед е утврдено дека на десното крило на птицата се наоѓаат две скршеници, поради што е одлучено таа да биде подложна на хируршки зафат и да ѝ се вгради фиксатор.

Ветеринарот, доктор Санџар Челик, за АА изјави дека станува збор за редок вид птица, и дека поради тоа се извршени овие ортопедски методи.

„Овој метод претходно е користен за кучиња, мачки и за некои други животни, но не ни е познато дали претходно е направен за птици. Можеби ова е прва птица за која е користен овој метод. Ова е птица преселница, веројатно е повредена при преселбата“, изјави Челик.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın