Süleyman Elçin
06 Декември 2018•Ажурирај: 07 Декември 2018
АНТАЛИЈА (АА) - Министерот за внатрешни работи на Турција, Сулејман Сојлу, изјави дека припадниците на турската полиција вчера заплениле најголемо количество наркотици во историјата на земјата, а станува збор за тон и 271 килограм хероин, јавува Anadolu Agency (AA).
Сојлу во Анталија се обрати на Меѓународната конференција за борба против криумчарење со дрога, која ја организираше Уредот за полициска академија на Турција. Сојлу истакна дека неговата земја води сериозна и одлучна борба на тој план.
Министерот изјави дека само во 2018 година се извршени 134.088 операции.
„Во споменатиот период запленивме околу 80 тони марихуана, 10,6 милиони таблети каптагон, 7,8 милиони екстази. Во текот на годината запленивме 15,9 тони хероин“, изјави Сојлу, и додаде:
„Вчера запленивме најголема пратка во историјата. Нашите полициски екипи во градот Ерзинџан запленија тон и 271 килограм хероин кој беше скриен во камион. Ова количество не е дел од споменатата цифра за 2018 година.“