Tuba Şahin
08 Јуни 2018•Ажурирај: 10 Јуни 2018
АНКАРА (АА) - Турската авиокомпанија „Туркиш ерлајнс“ (Turkish Airlines) соопштува дека нејзиниот број патници, во периодот од првите пет месеци оваа година, се зголемил за 19,4 отсто, јавува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот на „Туркиш ерлајнс“, бројот на нејзините патници, во периодот од јануари до мај оваа година, изнесувал 29,3 милиони, додека минатата година во истиот период имала 24,6 милиони патници.
„Зголемувањето на бројот на патниците на годишно ниво на домашните линии изнесува 21,6 отсто, а на меѓународните 17,7 отсто“, се вели во соопштението.
Факторот на превезување на патниците или зафатеноста на седиштата достигна највисоко историско ниво од 80,7 отсто, односно 4,7 отсто повеќе за време на истиот период минатата година.
Авиокомпанијата во мај превезе 6,1 милиони патници, укажувајќи годишен раст од 3,6 отсто.