Tuğrul Çam
04 Октомври 2019•Ажурирај: 06 Октомври 2019
АНКАРА
Бродот „Јавуз“ за сондажа, на 7 октомври, во југозападниот дел од островот Кипар, просторот кој му припаѓа на континенталниот гребен на Турција, ќе започне со сондажа, јавува Anadolu Agency (AA).
Чагатај Ерџијес, генерален директор за Билатерални политички односи и поморство-воздухопловство-граници при Министерството за надворешни работи на Турција, преку својот профил на социјалната мрежа Твитер објави дека бродот „Јавуз“ на 7 октомври започнува нова операција на сондажа.
Ерџијес во текстот наведува дека сондажата ќе се спроведува на простор кој се наоѓа на подрачјето кое целосно спаѓа во рамките на турскиот континентален гребен заведен од страна на Обединетите нации, а за кој компанијата „Турски петролеум“ (Turkish Petroleum) добила лиценцирана дозвола од турската Влада уште во 2012 година, која е обајвена во Службениот весник на Турција.
Ерџијес истакна дека грчкиот дел на Кипар уште од 2003 година ги прекршува правата на Турската Република Северен Кипар, не признавајќи го турскиот континентален гребен на Јужен Кипар и не признавајќи ги побарувањата за морските граници по прашањето за екслузивни економски зони.
Тој во текстот наведува дека изјавите на Јужен Кипар во кои се тврди дека тие подрачја спаѓаат под водите на ЕУ или во нејзини граници, претставува кршење на меѓународното право.
И Фатих Донмез, министер за енергија и природни ресурси на Турција, вчера информираше дека бродот „Јавуз“ со цел да продолжи со сондажата во Медитеранот, тргнал кон просторот Ѓузелјурт-1.
Министерот Донмез во својот текст објавен на социјалната мрежа Твитер вели „Бродот „Јавуз“ тргна во нова експедиција. „Јавуз“ напредува кон локалитетот Ѓузелјурт-1 каде што ќе спроведе сондажа. Ќе продолжиме со активности за на нашиот народ му ги понудиме нашите подземни ресурси кои ќе ѝ служат на нацијата. Доколу има, со сигурност ќе ги најдеме.“
Бродот за сондажа „Јавуз“ ќе ги продолжи своите активности во Медитеранот до јануари 2020 година.