Kübra Chohan
10 Октомври 2017•Ажурирај: 11 Октомври 2017
ТРИПОЛИ (АА) - Организацијата на ОН за миграции префрли повеќе од 4.000 мигранти во хангар во приморскиот либиски град Сабрата, се вели во соопштението на Мисијата за поддршка на ОН за Либија (UNSMIL), пренесува Anadolu Agency (AA).
Од УНСМИЛ наведуваат дека Меѓународната организација за миграции (ИОМ) им укажала итна помош на мигрантите во округот Дахман, кои претходно биле сместени во неформални центри за притвор и во кампови.
Во последниве години либискиот брег служи како транзитна точка за илјадници мигранти, воглавно од Супсахарска Африка, кои се надеваат дека преку Медитеранот ќе преминат во Европа.
Бројот на мигрантите што преку Медитеранот пристигнаа во Европа оваа година изнесува 120.137, од кои околу 80 отсто стигнаа во Италија, велат последните податоци на ИОМ. Според истиот извор, во текот на 2017 година, на опасното патување преку морето животот го загубија 2.410 мигранти.