Sefa Şahin
22 Мај 2019•Ажурирај: 22 Мај 2019
АНКАРА (АА) – На куполата од џамијата „Нурјагди“, која е изградена пред 19 години во областа Пурсаклар, во Анкара, штрковите направија гнездо кое внимателно го чуваат и одговорните лица на оваа џамија, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Здружението на џамијата „Нурјагди“ за одржување курсеви по Куран, Али Кемал Бал, во изјавата за АА истакна дека земјиштето на џамијата, чиј сопственик бил неговиот татко Мустафа Бал, во 1996 година било донирано на Претседателството за верски прашања на Турција.

Бал истакна дека по отворањето на џамијата во 2000 година, штрковите почнале да прават гнездо во куполата на џамијата.
„Секоја година доаѓаат и тука снесуваат јајца, па имаат мали штркови. Некои жители од соседството не го поднесуваат изметот на штрковите. Затоа велат да го пренесеме гнездото на друго место. Но, татко ми тоа не го дозволи. Рече 'нека остане гнездото'. И така остана. И по изградувањето на нашите минариња и поставувањето на звучниците, штрковите останаа во своите гнезда, тоа не им пречеше. Нормално, птиците се вознемируваат од звуци. Гнездото се наоѓа помеѓу двете минариња“, нагласи Бал.
Бал, раскажувајќи дека мажјакот и женката на штркот по редослед носат храна за своите потомци, додаде: „Дежураат во гнездото, секоја година имаат по 4 мали. Тие што се послаби умираат, посилните одлетуваат од гнездото“.

„Жителите на соседството, понекогаш дури и нашите сообраќајни полицајци, се качуваат горе за да го видат гнездото. Неколку пати гнездото беше фотографирано и споделено на Фејсбук. Стана симбол на џамијата. Гнездото 19 години се наоѓа на исто место, не го менуваат“, раскажа Бал.