Турција

Ердоган: „Има ли правда во Аракан, Либија, Палестина и Ерусалим?“

Турскиот претседател изјави дека светските делители на правда само го залажуваат човештвото

Barış Gündoğan  | 22.05.2019 - Обновена : 23.05.2019
Ердоган: „Има ли правда во Аракан, Либија, Палестина и Ерусалим?“

АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека таканаречените застапници на правдата не успеале да ја добијат правдата за Рохинџите, Либија, Палестина и Ерусалим (Кудс), и дека го залажуваат човештвото, јавува Anadolu Agency (AA).

Обраќајќи се на обвинителите и другите членови на правниот систем на церемонијата во главниот турски град, Анкара, Ердоган изјави дека светот е поголем од пет земји, осврнувајќи се на петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации (ОН).

„Има ли правда во Аракан, Либија, Палестина и Ерусалим?“, изјави Ердоган.

Турскиот претседател долго време ја повикува меѓународната заедница и земјите членки на ОН да го реформираат „неправедниот“ процес на донесување одлуки во ОН. Коментирајќи го правниот систем на Турција, Ердоган рече: „Се бориме за слободен, национален правен систем кој претрпе напади од различни терористички групи, како и од воените туторства“.

„Нема да дозволиме Турција да се врати во лошите стари денови кога бандите во судскиот систем вршеа произволна правда“, изјави Ердоган.

„Ниту една судска институција или судија не може да донесува одлуки во согласност со интересите на која било партија, политичар или личност, вклучувајќи ме и мене“, рече турскиот претседател.

Ердоган побара судиите и обвинителите да продолжат да работат слободно и покрај на заплашувањата, осврнувајќи се на неодамнешните говори на лидерот на опозициската Народната републиканска партија (CHP), Кемал Киличдароглу, кој посочи кон судиите. Претседателот, исто така, му оддаде почит на турскиот обвинител Селим Кираз, кој беше убиен додека бил на должност од терористите на DHKP-C во 2015 година.

„Еден Селим Кираз ќе биде убиен, но ќе има уште илјадници“, изјави Ердоган.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın