Diyar Güldoğan
02 Декември 2022•Ажурирај: 03 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Директорот на Одделот за комуникации при турското Претседателство Фахретин Алтун истакна дека во ерата на дигитализацијата, кризата на вистината се појавува како закана за глобалниот мир и стабилност, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Злоупотребата на новите технологии денес не е само прашање за безбедноста на поединците, општествата и државите, туку и безбедносно прашање во глобален контекст“, рече Алтун на отворањето на Самитот „Стратком 2022“ во Истанбул.
Тој нагласи дека систематските активности за дезинформации, кои постојано се репродуцираат, особено преку новите медиуми и традиционалните медиуми, го загрозуваат глобалниот мир и стабилност.
За време на дводневниот Самит, учесниците ќе се осврнат на глобални теми од областа на стратешката комуникација. Собирот на темата „Стратешка комуникација во доба на неизвесност“, на платформата ќе има 52 говорници од повеќе од 24 земји и публика од над 3.000 лица.
„Денес треба да се бориме против заканите на кои сме изложени преку новите медиумски технологии, од човековите права до националната безбедност, од дигиталното малтретирање до говорот на омраза, од терористичката пропаганда до систематските движења на дезинформации, од алгоритамската диктатура до дигиталниот фашизам“, изјави Алтун.
Тој нагласи дека кризата на вистината ја открива важноста од институционализација и соработка на стратешката комуникација на национално и меѓународно ниво.
„Туркије на меѓународната сцена се стреми да ја користи стратешката комуникација како алатка за управување со кризи и неизвесности, и да ја прошири меѓународната соработка на ова поле“, порача Алтун.