Faruk Zorlu
02 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Туркије никогаш нема да дозволи формирање терористички коридор на нејзината граница, изјави турскиот министер за национална одбрана Хулуси Акар, мислејќи на терористичките организации како ДЕАШ и ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Никогаш на кој било начин нема да дозволиме формирање терористички коридор или активност на терористи на јужната граница на Туркије“, изјави Акар за новинарите во северозападната турска област Чанаккале.
„Вкупно 491 терорист се неутрализирани досега во тековната прекугранична кампања на Туркије против терористичката организација ПКК/ЈПГ“, рече тој, додавајќи дека цел на операцијата биле само терористичките организации.
Неодамна, Туркије ја започна операцијата „Канџа-меч“ во северен Ирак и Сирија, прекугранична воздушна кампања против ПКК/ЈПГ, која има засолништа преку ирачката и сириската граница, каде што планира, а понекогаш и извршува напади на турска територија.
Акар, исто така, ја повика Грција да се откаже од своите акции и реторика за ескалација на тензиите во регионот.