Ferdi Türkten
02 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили фатија деветмина осомничени за финансирање пари на терористичката организација ДЕАШ, соопшти турското Министерство за внатрешни работи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Жандармериските сили во Истанбул извршија истовремена операција во девет области против 14 осомничени“, се вели во соопштението на Министерството.
„Осомничените собрале пари преку платформите на социјалните мрежи, наводно како помош за семејствата на членовите на терористичката организација кои се во затвори и во таканаречените конфликтни зони, и ги префрлиле на ДЕАШ“, се додава во соопштението.
„Во тек е операција за фаќање на преостанатите петмина осомничени“, се вели во ова соопштение.
Туркије во 2013 година стана една од првите земји што ја прогласи ДЕАШ за терористичка организација.
Оттогаш, земјата беше нападната од терористичката организација повеќепати, при што загинаа над 300 луѓе, а стотици беа повредени во најмалку 10 самоубиствени бомбашки напади, 7 бомбашки и 4 вооружени напади.
Туркије како одговор на тоа започна антитерористички операции дома и во странство за да спречи понатамошни напади.