Handan Kazancı
03 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Денес, на последниот ден од дводневниот самит „Стратком 2022“ во Истанбул, Република Туркије, нагласена е потребата владите поефикасно да ги користат комуникациите, известува Агенција Анадолија (АА).
Обраќајќи се на самитот, Мурат Караѓоз, директорот за информации во турското Министерство за надворешни работи, рече дека светот минува низ ера на брзи трансформации.
„Сведоци сме на неколку центри на моќ и спротивставени планови“, рече Караѓоз.
Тој додаде дека основна причина за тоа е менталитетот на нулта сомнеж во решавањето на повеќекратни кризи, од климатските промени до енергетската несигурност.
„Со сигурност може да се каже дека ниту една држава не може сама да ги надмине овие предизвици“, истакна Караѓоз.
Тој ја нагласи потребата од меѓународна солидарност и соработка во решавањето на овие предизвици, оценувајќи дека главен проблем е недостатокот на доверба меѓу државите.
Караѓоз ја цитираше изјавата на турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, кој ја опиша ваквата ситуација како маѓепсан круг.
„Тој во суштина рече дека овој недостаток на дијалог ја потхранува недовербата, а недовербата доведува до поделби и поларизација, што го оневозможува дијалогот“, додаде Караѓоз, потенцирајќи дека маѓепсаниот круг мора да се прекине.
Вчера во турската метропола Истанбул започна дводневниот самит на кој учесниците се занимаваат со глобални теми од областа на стратешките комуникации. Собирот се одржува на тема „Стратешки комуникации во време на неизвесност“, а на него се собраа 52 говорници од 24 земји.