Burak Bir
03 Декември 2022•Ажурирај: 05 Декември 2022
АНКАРА (АА) - Претседателот на Туркије, Реџеп Таип Ердоган, денес изјави дека неговата земја ќе го заврши безбедносниот појас во длабочина од 30 километри по должината на својата јужна граница, известува Агенција Анадолија (АА).
Зборувајќи на состанокот во јужната турска провинција Шанлиурфа, Ердоган рече дека нападите нема да ја одвратат земјата од одлучниот став за обезбедување на јужната граница.
„Дефинитивно ќе го заврши безбедносниот појас во длабочина од 30 километри што го воспоставуваме долж нашите јужни граници. Нападите нема да ја намалат нашата одлучност“, истакна Ердоган.
Анкара од 2016 година досега изведе три успешни големи антитерористички операции во северниот дел на Сирија, за да го спречи формирањето на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на раселеното население. „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019) се имињата на операциите во кои од терористичката окупација се ослободени пошироки подрачја покрај пограничниот појас во северниот дел на Сирија.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Туркије, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на над 40.000 лица, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на таа терористичка организација.