Турција

Агенцијата Анадолија - Гласот на Турската Ослободителна војна пред 100 години

Агенцијата Анадолија, заедно со нејзините претставници низ целиот свет со вести на повеќе јазици, како и пред сто години продолжува да работи за народот да стигне до точни информации

Yıldız Nevin Gündoğmuş  | 05.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Агенцијата Анадолија  - Гласот на Турската Ослободителна војна пред 100 години

АНКАРА (АА) - Агенцијата Анадолија (АА) со објавувањето билтени не само во земјата, туку и во странство, стана гласот на Анадолија низ целиот свет.

Агенцијата Анадолија, чиј основач е Гази Мустафа Кемал Ататурк, во нејзиното патување на вестите, што започна на 6 април 1920 година со мисијата правилно да се информира народот, преку телеграфскиот систем се обиде да достигне до најоддалечените точки на земјата.

Јунус Нади, кој имаше активна улога во основањето на АА и беше назначен да ја извршува работата на Агенцијата по основањето, во однос на ова прашање разговарал со Мустафа Кемал-паша.

- Основата на европската комуникација на АА беше поставена во Анталија

Јунус Нади сметаше дека е неопходно да се има центар во Анталија и на Родос за да се воспостави врска со Европа, особено за да се испраќаат вести за Војната за независноста кон надворешниот свет. Со таа цел, испратил телеграма до Миралај Рефет-бег во Афјонкарахисар на 12 април 1920 година.

Во телеграмата, прашувајќи го Рефет-бег дали воспоставил центар во Анталија, Јунус Нади исто така нагласил дека има Турци на Родос што ги познава.

Мустафа Кемал, исто како и Јунус Нади, направи обид да основа редовна канцеларија на Агенцијата во Анталија. Мустафа Кемал испратил телеграма до Миралај Рефет-бег во Назили на 16 април 1920 година, 4 дена по Јунус Нади. Во телеграмата Мустафа Кемал истакнал дека Морализаде Халит-бег, со помош на неговите пријатели од Анталија, Родос и Европа, ќе основа канцеларија во Анталија, којашто ќе создаде комуникација со Европа.

Овие обиди на Мустафа Кемал и на Јунус Нади дадоа резултати, така што по некое време се формира „центар“ во Анталија кој ќе обезбеди билтените на АА да се пренесуваат преку Италија.

- Билтените на АА во американските извештаи

За време на Борбата за независност, билтените на Агенција Анадолија беа меѓу извештаите што Американците ги испраќаа до нивната земја. Овие први билтени беа објавени на француски јазик од центарот во Анталија, по иницијатива на Мустафа Кемал и Јунус Нади.

Во билтените помеѓу јануари 1921 и февруари 1921 година, укажувајќи на реперкусиите од победата во Првата војна на Инону од 10 јануари 1921 година, се истакнува дека напорите на Грците да се минимизира победата ќе останат без резултати.

Во билтените исто така беа споделени информации за преминот на Черкез Етем и неговите браќа во грчките редови.

Во билтенот со број 48 е евидентирано следното:

„Според вестите што доаѓаат од Истанбул и внатрешните региони, победата на нашата херојска западна армија против Грците, исто како и во главниот град, создаде невидена радост меѓу Турците и муслиманите во руралните средини. Од друга страна, тоа предизвика тага кај христијаните и сојузниците.“

„Агенција Анадолија наведува дека грчката Војска со соопштение се обидува да ја намали важноста на поразот на грчките трупи во Големата битка на Инону, тврдејќи дека не се работи за вистинска офанзива, туку за операција за истражување. Исто така тврди дека нејзините загуби не се сериозни. Сакаме да ве потсетиме дека грчките трупи мораа да се борат 36 часа во Ескишехир, претрпеа големи загуби и избегаа. Ако останеа уште 12 часа во бојното поле, тие ќе беа уништени целосно. Исто така, треба да се напомене дека Генералштабот на Националистичката армија, во согласност со претходно подготвениот план, им дозволи на непријателските трупи да напредуваат пред Ескишехир за да го зададат последниот удар.

Поразот на Грците е очигледен од многуте повредени што требаше да ги однесат во Истанбул. Ова открива колку е лажна одложената изјава на грчкиот Генералштаб. Британците кои сакаа да ги уништат Турците со Грците, беа изненадени од високиот морал, добрата организираност на нашата херојска и млада Војска.

Исто така, Агенцијата Анадолија сака да подвлече дека славниот провокативен Етхем, криминалец кој ја изневери својата земја, приклучувајќи се во редовите на Грците, и неговите браќа Решит и Тефик, се следени од нашите сили. Поголем број од тие луѓе се убиени или затворени од нашите сили. Или пак се предадоа на нашите сили. На кратко овие предавници се убиени во Сундирги, Акхиср или Мармаџик.

Судејќи според веродостојните информации што пристигнаа до нас, грчките трупи бегајќи од правецот на Бурса ги запалиле сите села од каде што поминале, ги силувале муслиманските жени и девојчиња, извршиле кражби и масакрирале. По овие настани лицето на таканаречената цивилизирана Европа треба да поцрвене. Дали сојузничките влади, особено британската Влада на чие чело е Лојд Џорџ, би размислиле за тоа? "

- Одговор на грчкото соопштение

Следниот билтен со број 49 го содржеше одговорот на грчката изјава за Војната на Инону. Беше впечатливо во билтенот дека Агенцијата Анадолија е „назначена да ги објави овие информации“. Во билтенот од 25 јануари 1921 година пишуваше: „Нашите сили го привлекоа непријателот околу Инону според наредбите што ги добија во рамките на одреден план. На тој начин, грчките трупи се оддалечија 150 километри од местото каде што го започнаа нивниот напад. Ваквата операција не може да се нарече истражувачки напад.“

Веста за тоа дека Британците ѝ дозволиле на Грчката патријаршија во Истанбул да купува оружје со цел да ги наоружа Грците беше споделена во билтенот под број 50 од 26 јануари 1921 година.

Во билтенот на Агенција Анадолија ја имаше и веста насловена како: „Имаме информации дека Британците во Истанбул започнале со ново лошо однесување“.

„Сакаме да го привлечеме вниманието на целиот свет за овој заговор против Турците. Британците, кои не дозволуваат Турците да носат дури и мал пиштол, овој пат ја тераат Грчката патријаршија во Истанбул да ги купува автоматските пушки што ги продаваат руските војници и руските имигранти, што бегаат од Крим, сред улица во Истанбул за да ги вооружи Грците. За 15 дена купени се 15 автоматски пушки и однесени во Грчката патријаршија. Со ова јасно се гледа дека Британците сакаат да ги наоружаат Грците за да го навредат турскиот народ, а со тоа и да создадат нови проблеми.“

- Адмиралот Бристол испрати билтени на АА

Се дознава дека билтените на Агенцијата Анадолија, што се наоѓаат меѓу архивите на американскиот Стејт департмент, до службените лица на неговата земја им биле испратени од адмиралот Марк Ламберт Бристол, кого Америка го назначи за „висок комесар“ во Истанбул кон крајот на 1919 година.

Во воведниот текст што го напишал Бристол при испраќањето на овие билтени од 13 април 1921 година напишал дека може да се здобијат со задоволителни информации за тоа што се случува во Анадолија, особено за активностите на Владата во Анкара. Тој, истакнувајќи дека запленил голем број билтени на Агенција Анадолија, навел дека билтените се интересни за архивата на Министерството.

Меѓу билтените што ги испратил Бристол, вклучени се и телеграмите разменети помеѓу Мустафа Кемал и Тефвик-паша за испраќање делегација на Лондонската конференција, нотата на Чичерин испратена до Владата на Анкара, преписката помеѓу Турција и Грузија за анексијата на Ардахан и Артвин и размената на телеграфи меѓу Мустафа Кемал и папата во врска со заштитата на христијаните во Мала Азија.

- Мустафа Кемал ја наведе АА како извор

Меѓу документите од високиот комесар на САД во Истанбул, адмиралот Марк Ламберт Бристол, испратени до неговата земја се наоѓаат и одговорите на Мустафа Кемал на прашањата на Кларенс К. Страјт, кој се наоѓал во Анкара во име на весникот „Филаделфија паблик леџер (Philadelphia Public Ledger).

Стрит на 26 февруари 1921 година поставил 19 прашања до Мустафа Кемал со барање да одговори на француски јазик. Мустафа Кемал истиот ден одговорил писмено на прашањата.

На прашањето на Стрит за односите помеѓу Советска Русија и Турција, Мустафа Кемал одговорил повикувајќи се на Агенција Анадолија како извор.

„Последната нота испратена од другарот Чичерин до нашата Влада претставува соодветен одговор на ова прашање. Оваа нота ја објави Агенцијата Анадолија на 14 овој месец.“

За време на Борбата за независност, американскиот Висок комесаријат во Истанбул без никаков коментар ги испраќаше француските билтени на Агенција Анадолија од канцеларијата во Анталија до Министерството за надворешни работи на САД. Тоа беше доказ за непристрасноста и веродостојноста на АА.

- Основањето на АА го привлече и вниманието на Британците

Од друга страна, влијанието што го имаше Агенција Анадолија за кратко време го привлече вниманието на Британците.

Британскиот висок комесар, адмирал Ф. де Робек, во својот извештај од 22 мај 1920 година, напиша: „Националистите неодамна основаа новинска агенција која објавува дневни билтени. Тие доаѓаат во Истанбул со одредено задоцнување. Тие содржат некои вести за тоа што се случува во Анкара.“

Британците продолжија да ги следат билтените на Агенцијата не само во Истанбул, туку и во Анадолија.

Агенцијата Анадолија, заедно со нејзините претставници низ целиот свет со вести на повеќе јазици, како и пред сто години продолжува да работи за народот да стигне до точни информации.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.