Emin İleri
05 Април 2020•Ажурирај: 08 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - ЕМИН ИЛЕРИ - Поради епидемијата на новиот вид коронавирус Ковид-19, плоштадот „Таксим“, „Ејуп султан“, „Ортакој“ и местото пред „Јени џамија“ во Еминону останаа на гулабите, пишува Агенција Анадолија (АА).
Граѓаните, почитувајќи ги мерките преземени поради коранавирусот, останаа дома, па така плоштадите во Истанбул останаа празни.
Симболите на Истанбул, како што се плоштадот „Таксим“, „Ејуп султан“, „Ортакој“ и местото пред „Јени џамија“ во Еминону се најпосетуваните места од локалните граѓани и од странските туристи и во текот на неделата и за време на викендите.
Тие симболични места на Истанбул останаа само на гулабите.
Овие плоштади, кои се интегрирани со луѓето што ги хранат гулабите, поради епидемијата се завиени во тишина.
Сепак некои граѓани, во мал број, продолжуваат да ги хранат гулабите.