АНКАРА (АА) - ЈИЛДИЗ НЕВИН ЃУНДОГМУ -
Во приказната за основањето на Агенцијата Анадолија (АА), која започна да работи на 6 април 1920 година, допишувањата на Мустафа Кемал Ататурк, кој е основач на Агенцијата Анадолија (АА), фрлаат светло врз тогашната историја и пречките со кои се соочила Агенцијата, како и врз напорите за пренесување на гласот од регионот Анадолија.
Мустафа Кемал-паша откако добил информации дека до некои места не биле пратени билтените што ги објавил по основањето на Агенцијата Анадолија, со верување дека пропагандата за турската Војна за независност има голема важност, извршил различни дописи и упатил предупредувања за различни прашања, пред сè за обезбедувањето на билтените на Агенцијата.
Тој во написот до Телеграфскиот центар на Анадолија од 18 април 1920 година, невниманието во доставувањето на билтените на АА го сметал за национално кривично дело, и го објаснил со следните зборови:
„Добиваме жалби дека (билтените на) Агенцијата Анадолија не се ширени и доставувани до некои места. Во овие моменти кога целата заинтересираност на регионот Анадолија е прекината со надворешниот свет, без сомнение сакам да укажам на тоа дека сите наши телеграфисти ќе ја прифатат и зајакнат оваа услуга, која е преземена со цел секој член од населението да биде информиран, а сакам да се знае дека кое било невнимание во оваа насока ќе се смета за национално кривично дело.“
Писмото што младите од местото Инеболу го испратиле до Мустафа Кемал на 4 април 1920 година, два дена пред основањето на АА, со цел да се информираат околу вестите во врска со турската Војна за независност, е индикатор на важната мисија на Агенција Анадолија (АА).
Мустафа Кемал во одговорот што го испратил на 20 април соопштил дека вестите што му се потребни на регионот Анадолија веќе се обезбедуваат од страна на Агенцијата Анадолија, и ги замолил младите да ги шират овие вести сè до селата.
За да се избегнат пречките, Ататурк, кој внимавал на дистрибуцијата на вестите на АА низ целата земја, на 18 април 1920 година испратил телеграма до Поштенската и телеграфска дирекција во Коња, барајќи од неа да ги пријави причините за блокадата на дистрибуцијата на вестите и имињата на несовесните службеници кои биле вклучени во тоа.
Ататурк не ги заборавил телеграфите кои внимателно ја вршеле својата работа, и упатил благодарност до нив во неговиот говор наречен „Нутук“.
Од друга страна, пред отворањето на Големото народно собрание, Ататурк, кој сакал јавноста во Истанбул да се информира од ден на ден за војната во Анадолија, на 21 април 1920 година испратил телеграми до Командата на 61-та дивизија и до гувернерот на округот Мудања. Во овие телеграми, Ататурк барал дневните извештаи на АА без одложување да бидат испратени во Истанбул преку сигурни бродови и капетани на фериботите од Бандирма и Мудања, така што народот во Истанбул би бил свесен за настаните во Анадолија, а ова се должи на извонредниот интерес што би го добила Анадолија по отворањето на Големото народно собрание.
Ататурк, внимавајќи на пристигнувањето на вестите за Војната за независност во Истанбул, на 21 април 1920 година испратил телеграма до 14-та Команда на корпусот во Бурса, барајќи вестите во билтените на АА, кои би можеле да се сметаат за важни за Истанбул, да се печатат и да се репродуцираат во Бурса и да бидат испратени во Истанбул во доволен број.
Кога Големото народно собрание се отвори на 23 април 1920 година, АА веќе 17 дена ги вршеше своите активности.
Првата законска регулатива во врска со АА беше донесена два месеца по нејзиното основање со Законот за организација на медиум и разузнавачки публикации на 7 јуни 1920 година.
Со овој закон, Дирекцијата на Агенцијата беше вклучена во персоналот на Дирекцијата за медиум и разузнавање, а Етем Хидајет (Акимсар) стана првиот директор на Агенцијата со титула директор на Агенцијата Анадолија и на медиумското претставништво.
Сепак, Генералната дирекција на која ѝ биле дадени опсежни овластувања, три месеци по своето формирање беше критикувана дека не ги врши добро пропагандните и разузнавачките активности.
Говорејќи како претседател на Советот на министри на собраниските состаноци, Ататурк на овие критики го одговорил следното:
„Било кажано 'Дали има медиум во земјата?'. Со други зборови, било кажано дека нема медиум во земјата. Фактички, господа, во Анадолија пред една година, пред шест месеци, пред осум месеци немаше нешто што можеше да се нарекува медиум. Тоа го знаеме сите. Но, денес навистина во Анадолија има медиум, и овој медиум исто така е резултат на работите што се вршат во Анадолија. Речиси немаме некој важен центар каде што не се појави весник. Значи, во Анадолија има медиум. Следствено на тоа, медиумите не се занемарувани. Господа, извршени се првите напори за да постои медиум, и тоа се случи.
Нашите пријатели ни рекоа дека нашата крајбрежна пропаганда воопшто не се прави, и дека има мал резултат што доаѓа од брегот. Постои грешка во тоа. Господа, имаме крајбрежна пропаганда, и таа е многу моќна. Не е дека не се добиваат резултати. Јас во текот на 24 часа добивам 24 извештаи. Ако сакате да ви ги пренесам овие извештаи, Врховната делегација може да ги чита. Следствено на тоа, нашиот брег на Црното Море е претпазлив, нè информираат дури и за птиците што летаат.
Една телеграма до Карахисар во Афјон оди за четири дена, а потоа оди во Билеџик. Ако заминете до тука и одите таму, ќе видете дека Агенцијата сè уште не стигнала до таму. Сето ова е точно. Но, ова прашање е директно поврзано со телеграфските и поштенските процедури. Значи, ако телеграфите и поштенските услуги не функционираат како што треба, дали има потреба да се критикува Дирекцијата за медиум и разузнавање?“
- Републикански денови -
Известувајќи за Војната за независност низ цела Анадолија, АА беше всушност гласот на Ататурк за време на прогласувањето на Републиката и нејзините постепени реформи.
По прогласувањето на Републиката, калифатот беше укинат на 3 март 1924 година и беше донесен Закон за обединување на образованието. На 20 април 1924 година, Република Турција го доби нејзиниот нов Устав. Сите овие чекори беа проследени со вести од АА.
Новинарите на АА секогаш биле во близина на Ататурк за време на патувањата што ги правел за да им ги објасни реформите на народот. Неговите зборови изразени на забавата одржана во негова чест на 22 септември 1924 година во Стопанската школа за независност во Самсун од страна на Сојузот на учители, беа рефлектирани во билтенот на АА:
„Науката е вистинскиот водич за сè на светот, за цивилизацијата, за животот, за успехот. Барањето водич надвор од науката е негрижа, незнаење, отстапување од вистинскиот пат.“
Откривањето на обидот за атентат врз претседателот Ататурк во Измир на 17 јуни 1926 година беше соопштено во јавноста преку официјално соопштение објавено од страна на АА. Главниот новинар на АА, Кемалетин Каму, го проследи патувањето на Ататурк во Измир во 1926 година. Говорејќи за АА на 19 јуни 1926 година за обидот за атентат врз него во Измир, Ататурк ги кажа своите историски зборови: „Еден ден моето безвредно тело ќе се претвори во земја, но Република Турција ќе остане засекогаш.“
Оваа изјава на Ататурк под наслов „Декларација на ветеранот за народот“ ја користеа сите весници, цитирајќи ја АА.
Десетгодишниот говор на Ататурк „Нукут“, неговите патувања во провинциите и неговата смрт беа соопштени пред турската и светската јавност преку билтените на АА.
news_share_descriptionsubscription_contact
