Yakup Çabuk
07 Јули 2016•Ажурирај: 07 Јули 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - По терористичкиот напад на истанбулскиот аеродром „Ататурк” кој е извршен на 28-ми јуни, на лекување сè уште се наоѓаат 38 лица, а 198 се отпуштени од болница, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што наведуваат од Канцеларијата на гувернерот, на интензивна нега се наоѓаат 13, а во итна 25 лица.
Во нападот извршен на 28-ми јуни загинаа 45, а ранети се над 200 лица. Нападот го извршија тројца напаѓачи, меѓу кои Раким Булгаров и Вадим Османов. Постои сомнение дека за нападот е одговорна терористичката организација ДАЕШ.