Mehmet Tosun
05 Април 2020•Ажурирај: 06 Април 2020
АНКАРА (AA) - Министерството за внатрешни работи на турција побара од десетици области во оваа земја, на животните да им се обезбеди храна и вода и да се дезинфецираат каде се наоѓаат животните, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството објави мерка за уличните животни кои имаат проблеми со недостиг од храна поради ситуацијата со коронавирусот (Ковид-19).
Од Министерството наведоа дека пандемијата на коронавирусот влијае не само на човечкиот живот, туку и на животот на уличните животни, кои сека имаат потешкотии во обезбедување храна посебно засолништата, поради намалувањето на капацитетот на местата во кои се служи храна и пијалоци. Поради тоа се јави потреба за ваква мерка бидејќи поради мерките против ширењето на Ковид-19 сега се загрозени и животните кои се на улиците и кои се препуштени сами на себе.
Во тој контекст храна и вода редовно ќе се оставаат на местата кои се одредени за животни, како што се парковите и дворовите и посебни засолништа за животни.
Потребните подрачја ќе бидат дезинфецирани.
Побарано е од локалните власти да ги спроведат овие мерки во наредниот период.