Турција, Коронавирус

Турција: 86-годишна жена го победи вирусот Ковид-19

Меѓу излекуваните лица се наоѓа и Ресмије Ишик (86) која пред да биде дијагностицирана со Ковид-19 имаше проблеми со срцето и со белите дробови

Ali Murat Alhas  | 05.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Турција: 86-годишна жена го победи вирусот Ковид-19

АНКАРА (АА) - Жена од Турција на возраст од 86 години, стана извор на испирација за лицата кои страдаат од вирусот Ковид-19 (коронавирус), откако се излекува од овој вирус и покрај тоа што има многу други хронични здравствени заболувања, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Коронавирусот досега одзеде 501 живот во Турција, а регистрирани се околу 24.000 случаи со Ковид-19. Во Турција над 780 лица се излекувани и отпуштени од болница.

Меѓу излекуваните лица се наоѓа и Ресмије Ишик, која пред да биде дијагностицирана со Ковид-19 имаше проблеми со срцето и со белите дробови.

Се претпоставува дека таа вирусот го добила од нејзиниот син и нејзината снаа, кои претходно биле на умра, односно посета на светите места во Саудиска Арабија.

Овој пар беше дијагностициран со Ковид-19 на 18 март и веднаш започна нивното лекување.

Меѓу другото, Ишик почна да кашла и беше пренесена во центарот за здравствена нега, каде на 22 март беше тестирана позитивно на Ковид-19.

По успешното лекување, Ишик, нејзиниот син и нејзината снаа беа отпуштени од болница.

„Јас ја победив оваа болест. Многу сум среќна. Господ нека ги чува сите од ваквите проблеми“, рече Ишик.

Таа упати апел до луѓето да останат дома со цел спречување на ширењето на Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın