Турција, Коронавирус

Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 надмина 1.000 лица

Според податоците 1.381 лица се наоѓаат во интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 935, додека вкупно излекувани се 1.042 лица

Tanju Özkaya, Mehmet Tosun  | 05.04.2020 - Обновена : 06.04.2020
Турција: Бројот на излекувани лица од Ковид-19 надмина 1.000 лица

АНКАРА (АА) - Бројот на излекувани лица од вирусот Ковид-19 (коронавирус) во Турција се искачи на 1.042 лица, пренесува Агенцина Анадолија (АА).

Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 20.065 тестирања за Ковид-19, од кои 3.135 лица се позитивни на овој вирус.

Според тоа, во последните 24 часа починаа уште 76 лица како последица на оваа пандемија, додека уште 256 лица биле излекувани и отпуштени од болница.

Во Турција извршени се вкупно 181.445 тестирања, откриени се вкупно 27.069 случаи, додека починаа вкупно 574 лица поради Ковид-19.

Се нагласува дека 1.381 лица се наоѓаат во интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 935, додека вкупно излекувани се 1.042 лица.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.

„Бројот на излеквани пациенти надмина 1.000 лица. Да не му даваме можност на овој вирус, и да останеме дома. Упатувам благодарност до младите кои станаа пример со нивните чекори во рамки на новите мерки“, напиша Коџа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın