Ferdi Türkten
06 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
АНКАРА (AA) - По повод 99. годишнина од основањето на Anadolu Agency (AA), претседателот на Управниот одбор и генерален директор на оваа новинска агенција, Шенол Казанџи, порача дека AA ќе продолжи да се движи по патот кој го трасираше пред 99 години.
Казанџи во пораката ја честиташе годишнината од основањето на AA, потсетувајќи дека агенцијата е основана пред 99 години за директно и точно да ја пренесе националната борба на турскиот народ.
По повод 6 април - денот на основањето на Anadolu Agency (AA), генералниот директор на AA, Шенол Казанџи, во придружба на членовите на Управниот одбор, своите заменици и уредниците на агенцијата, го посети мавзолејот на Мустафа Кемал Ататурк, водачот на турската Војна за независност и првиот претседател на Република Турција.
Казанџи положи венец во мавзолејот, по што се запиша и во книгата на впечатоци, а го напиша следното:
„Anadolu Agency, која големиот водач Мустафа Кемал Ататурк ја основаше во 1920 година за на целиот свет да му се пренесе националната борба на турскиот народ, денес го одбележува својот 99. роденден. Нашата агенција, која за една година ќе наполни 100 години постоење, продолжува да биде гласот, не само на Турција, туку на сите угнетени во светот“, напиша Казанџи.
Додаде дека Anadolu Agency своите новинарски активности продолжува да ги работи на темелот на точноста, исто како и првиот ден и дека, како што истакна, по својот пат ќе продолжи да оди, сѐ додека постои Република Турција.
Anadolu Agency (AA), меѓународна новинска агенција со седиште во Турција, која објавува вести на 13 јазици и има над 6.000 корисници во 93 земји од светот, на дневна база во просек објавува 1.600 вести, 2.300 фотографии, 6 инфографики, 400 видеозаписи и 15 емитувања во живо. AA, која наредната година ќе ја прослави 100. годишнина од основањето, продолжува да биде веродостоен извор на вести во и надвор од Република Турција.
Историјатот на AA е речиси идентичен на историјата на Република Турција. Агенцијата е основана на 6 април 1920 година, 17 дена пред основањето на Големото народно собрание на Република Турција (TBMM). AA ги објави првите закони, беше сведок на Ослободителната војна и националната борба и сведочеше за револуциите во Турција.
По потпишувањето на основачкиот акт од страна на Ататурк, AA започна со работа во воената касарна „Зираат Мектеб“ во Анкара, а првиот билтен на вести е објавен на 12 април 1920 година. Првиот билтен на вести е дистрибуиран во сите слободни делови на земјата, а во него имаше вести не само од земјата, туку и од светот.
На патот на израснувањето во редот на најпрестижните светски агенции, AA на својот 92. роденден ги објави своите цели по повод 100. годишнина од работењето. Во рамките на изработката на Визијата за 100. годишнина, креирани се стратешки планови, за кои се собирани совети и на универзитетите.
Со имплементација на јасната визија за работа и развој, почитувајќи ги принципите на веродостојно, непристрасно, морално и брзо извествување, AA ја објави својата организациска шема, ги дефинираше целите и задачите, логотипот, институционалниот индентитет и секторот на интернет-страницата.
AA денес на дневна база во просек објавува 1.600 вести, 2.300 фотографии, 6 инфографики, 400 видеозаписи и 15 емитувања во живо.
AA, со отворањето на регионалните канцеларии во Латинска Америка и пацифичките земји, го зголеми бројот на канцелариите на 41, а со објавувањето вести на шпански и индонезиски јазик емитува вести на вкупно 13 јазици, вклучувајќи го и Сервисот на македонски јазик.
AA сигурно чекори кон јубилејот 100 години постоење, со што ретко кои институции од таков вид можат да се пофалат.