Can Erözden
06 Април 2019•Ажурирај: 08 Април 2019
АНКАРА (АА) - Пожар предизвика голема експлозија во центарот на Париз, објави францускиот весник „Ле Фигаро“ (Le Figaro), пренесува Anadolu Agency (AA).
„Ле Фигаро“ истакнува дека во стан кој се наоѓал во 19. општински округ на Париз, избувнал голем пожар.
Се нагласува дека во пожарот нема жртви.
Корисниците на социјалните медиуми објавија видеа од пожарот, кој предизвика силна експлозија.