Gözde Bayar
09 Јануари 2023•Ажурирај: 13 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - Академијата за вести на Агенција Анадолија (АА) минатата година спроведе обука на 2.439 новинари од различни земји од светот.
Со цел да го сподели новинарското искуство, Агенција Анадолија преку Академијата за вести реализира 41 програма за обука во 2022 година.
Академијата за вести, која додаде онлајн програми за обука во својата наставна програма за прв пат во 2020 година поради пандемијата на Ковид-19, организираше и онлајн обука и обука во училница во 2022 година и одржа курсеви во траење од речиси 800 часови.
Покрај турскиот и англискиот, во наставната програма на Академијата за вести беа додадени и арапскиот и рускиот јазик.
Академијата за вести, исто така, инкорпорираше нови теми како што се преноси во живо и соопштенија за вести, известување во кризни области, кибербезбедност и обука со дронови.
Вкупно 25 претставници на медиумите присуствуваа на обуката за воено новинарство организирана во соработка со Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Полициската академија.
Обуката е наменета за новинари кои се распоредени во воени области, области на катастрофи и вонредни ситуации.
Академијата за вести, исто така, ја прошири својата соработка со различни институции, меѓу кои и со Турскиот директорат за комуникации, ТИКА, Директоратот за турска дијаспора и сродни заедници (YTB) и турското Министерство за млади и спорт.
Искусните новинари на Агенција Анадолија одржаа предавања во области како интернет-новинарството, дипломатското известување, новинарството на полето на енергетиката, техниките за интервјуирање, апликациите на социјалните мрежи, вести и инфографики, како и фотографии и фотографирање.