Göksel Yıldırım
09 Јануари 2023•Ажурирај: 17 Јануари 2023
АНКАРА (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ -
Турската одбранбена индустрија постигна нов исчекор со успешно тестирање на мини ракетниот систем управуван со ласер, инсталиран на автономното беспилотно копнено возило Бaркан, пишува Агенција Анадолија (АА).
Турската наменска индустрија бележи големи исчекори во развојот на домашното производство на беспилотни летала и автономни копнени возила кои се веќе интегрирани во воените инвентари за извршување на задачи како што се извидување, надзор и транспорт, како со далечинско управување така и со сензорски системи.
Развиени во различни големини и конфигурации за различни потреби, беспилотните копнени борбени возила, познати и како „робот војници“, се опремени со опрема што може да извршува многу задачи.
По преземањето на различни одговорности во турската одбранбена индустрија, ХАВЕЛСАН исто така го дизајнираше и произведе автономното беспилотно копнено возило Баркан, врз основа на многу потреби во областа на модерното војување.

Целта е Баркан да биде важен помошник на безбедносните сили во многу области, особено во зголемувањето на ефикасноста, спречувањето загуби и намалувањето на оперативните трошоци на операциите.
Досега во Баркан интегрирани се далечински управуван стабилизиран систем на оружје Сарп-Л со калибар од 7,62 mm, систем роботска рака и триметарски систем на јарбол за извидувачко-набљудувачки мисии.
Покрај овие задачи, Баркан може да се користи за спасување војници на фронтот со најмал ризик со помош на носилки за транспорт на ранетите или безбедно транспортирање на потребните материјали за војниците.

И додека Баркан кратко по неговото појавување успеа да влезе во инвентарот на Турските безбедносни сили, продолжено е со процесот на интегрирање на различна опрема за него.
Како дел од овие напори, ласерски наведуваниот мини ракетен систем Мете, развиен од компанијата РОКЕСТАН, го зазеде своето место меѓу опциите за оружје за Баркан.

Баркан успешно ја погоди целта со ласерски наведуваниот мини ракетен систем Мете во тестот на гаѓање спроведен по интегрирањето.
Баркан така стана првото турско копнено возило без екипаж со лансирање на наведувани проектили.
Освен тоа, се работи на дизајнирање на систем за лансирање повеќе проектили за Баркан. Модуларниот лансер може да се интегрира во многу копнени возила без екипаж.