Ekipa
24 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
АНКАРА (АА) - Објавено е жирито за овогодинешниот Istanbul Photo Awards 2022, организиран по осми пати од страна на Агенција Анадолија (АА).
Дел од овогодинешното жири за престижниот меѓународен натпревар за фотографија се фоторепортерот на Агенцијата Нур, Јури Козирев, фоторепортерот на Ројтерс, Горен Томашевиќ, визуелната раскажувачка и експерт за дигитални медиуми Марион Мертенс, поранешен директор за дистрибуција на фотографии и развој на работењето на AFP, Мишел Ското, главниот спортски фоторепортер на „Гети имиџес“ Камерон Спенсер, фоторепортерот Ахмет Сел, и Фират Јурдакул, главниот уредник на Дескот за визуелни вести на Агенција Анадолија.
Фотографката и режисерка на „National Geographic“, Ами Витае, која има работено во над 100 земји и фоторепортерката Керол Гузи, која има над 40-годишно искуство во полето на фотографијата, му се придружија на жирито оваа година.
Гузи е позната по нејзината работа на многу места низ светот, од Африка до Балканот, откако влегзе во светот на фотографијата во 1980 година. Специјализирана за долгорочни проекти во областа на документарниот филм, вестите и специјални приказни, Гузи во моментот работи за ЗУМА Прес. Покрај тоа што е првата фоторепортерка која ја има освоено Пулицеровата награда четирипати, Гузи има освоено и други бројни меѓународни награди.
„Фотографите треба да размислуваат за учество на овој престижен натпревар. Наградите носат признание и на фотографиите им даваат втор живот“, рече таа.
„Со новооткриената свест во врска со клучното влијание на климатските промени врз животната средина, додавањето на новата категоријата „Природа“ е неизмерно релевантно“.
Витале, која посвети половина од својот професионален живот објавувајќи му на светот што се случува во меѓународните воени зони, од неодамна работи на привлечни приказни за дивиот свет.
Фотографка на „National Geographic“ и член на Советодавниот одбор на фотографи, Витале е активно вклучена во организации насочени кон заштита на живеалиштата на дивиот свет.
Витале, која често ги споделува нејзините искуства во разговори и работилници, освои шест „World Press Photo“ награди заедно со многу меѓународни награди.
Жирито на конкурсот, кое годишно привлекува стотици професионални фотографи од сите делови на светот, ќе одржи онлајн состанок од 17 до 19 март.
Победниците ќе бидат објавени на крајот од март по процесот на селекција, направен преку платформата специјално подготвена за натпреварот од посветениот технолошки тим на Агенција Анадолија.
Информациите за сите членови на жирито, сите престижни членови во светот на фотографијата, можат да се најдат на istanbulphotoawards.com/Jury.
- Крајниот рок за пријавување е 15 февруари -
Апликациите за професионалните фотографи се отворени до 15 февруари, преку istanbulphotoawards.com.
Учесниците можат да аплицираат со фотографии за 2021 година во седум различни категории: „Фотографија за единечна вест“, „Единечна фотографија од спортот“, „Приказна од спорот“, „Единечна фотографија од природата и животната средина“, „Приказна од секојдневниот живот“ и „Портрет на приказна“.
Победникот на Фотографија на годината, од категоријата на „Фотографија за единечна вест“ ќе освои 6.000 долари.
Победниците во другите категории ќе бидат наградени во 3.000 долари прва награда, 1.500 долари за втора награда и 1.000 долари за трета награда. Првото место ќе биде доделено само во категориите „Приказна од секојдневниот живот“ и „Портрет на приказна“.
Покрај наградите, оваа година победниците во категориите „Фотографија на единечна вест“ и „Приказна од спортот“ ќе добијат камера Canon EOS R3, додека на победниците од другите категории ќе им бидат доделени Canon EOS R5 камери.
Оваа година натпреварот е поддржан од „Канон“, Турската агенцијата за соработка и координација (ТИКА), и националниот авиопревозник „Туркиш ерлајнс“.