Ekipa
24 Јануари 2022•Ажурирај: 25 Јануари 2022
САНКТ ПЕТЕРБУРГ (АА) - Фановите на Хари Потер можат да направат тура низ рускиот пристанишен град Санкт Петербург со „вистинскиот“ Хогвортс експрес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Патувањето со возот трае два часа, на кое патниците можат да искусат дел од авантурите на Хари Потер.
Актерите облечени во костими на хероите од приказната за Хари Потер изведуваат дел од репертоарот од филмскиот серијал и се фотографираат со обожавателите во возот.
Книгите за Хари Потер се продадени во стотици милиони примероци ширум светот откако беше објавен првиот дел во 1997 година. Тие се адаптирани во филмски серијал од осум дела од „Warner Bros. Pictures“, создавајќи една од филмските франшизи со најголема заработка на сите времиња.