Mehmet Serkan Eruysal
26 Јануари 2022•Ажурирај: 28 Јануари 2022
БУКУРЕШТ
Полицијата во романската покраина Аргеш соопшти дека пронашла артефакт стар 300 години, за кој се верува дека е воен шлем од османлискиот период, јавува Агенција Анадолија (АА)
Артефактот бил подготвен за продажба на една интернет-платформа.
Во соопштението на полицијата во Аргеш се вели дека „османлискиот воен шлем“, за кој се верува дека е од 18 век, бил пронајден во домот на 55-годишен маж кој живеел во градот Стефанести.
Оттаму наведоа дека потрагата по артефактот, кој бил подготвен за продажба на платформа на која се продаваат историски и антички артефакти, е извршена во координација со Обвинителството при Судот во Питешти, како дел од кривичната истрага за кражба и прикривање предмети од културно наследство.