Ekipa
03 Јануари 2017•Ажурирај: 04 Јануари 2017
БУКУРЕШТ (АА) - Откако за премиер беше избран Сорин Гриндјану, предложен од Социјалдемократската партија (PSD), претседателот на Романија, Клаус Јоханис денес во јавноста го сподели составот на кабинетот, јавува Anadolu Agency (AA).
Татарката Севил Шаидех, муслиманка која Јоханис одби да ја именува за премиерка, беше избрана за заменик-премиер и за министерка за регионален развој.
Новиот кабинет се состои од 26 министри, а не постои препрека да биде одобрен од Парламентот, кој во поголем дел се состои од претставници на ПСД и од Унијата на либерали и демократи (ALDE).
Четири министерски позиции припаднаа на коалицискиот партнер на АЛДЕ.
Претходно Јоханис го одби предлогот на ПСД, Севил Шаидех да биде премиер и замоли да предложат ново име.
Доколку Јоханис ја одобреше Шаидех за премиер, таа би станала првата жена муслиманка и Татарка премиер на Романија.