Ahmet Esad Şani
03 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
ИСТАНБУЛ
Започна пријавувањето за Меѓународниот натпревар во фотографија „Istanbul Photo Awards 2022“, во организација на Агенција Анадолија (АА).
Натпреварот организиран од Агенција Анадолија (AA) за поддршка на фотографирањето годинава се одржува по 8-ми пат.
Меѓународниот натпревар за новинарска фотографија, „Istanbul Photo Awards“, е еден од најважните натпревари во фотографија во светот.
Конкурсот, на кој секоја година се испраќаат илјадници фотографии, привлекува големо внимание, како кај хонорарните фотографи, така и кај новинарските организации.
На конкурсот може да се пријават само професионални фотографи.
Оваа година, покрај другите ќе бидат доделени три награди во категоријата „Поединечна фотографија за природа и животна средина“, во кои ќе бидат вреднувани фотографиите од областа на животната средина, која е една од најпреокупираната областа во светската агенда во последните години.
- 7 категории за пријавување
На натпреварот може да се пријават фотографии во категориите „Поединечни вести“, „Серија вести“, „Поединечна спортска вест“, „Серија спортски вести“, „Поединечни природа и животна средина“, „Canon серија секојдневен живот“ и „Серија портрети“.
Пријавувањето е отворено за сите објавени и необјавени дела од целиот свет.
Како и секоја година, победниците на натпреварот во март ќе ги одреди меѓународното жири составено од престижни имиња од светот на фотографијата.
Фотографиите ќе се оценуваат од многу различни агли како што се техничка компетентност, перспектива и емоции. Условите за пријавување може да се најдат на веб-страницата на натпреварот.
- „Фотографија на годината“ ќе добие награда од 6.000 долари
Награда на конкурсот „Фотографија на годината“ ќе биде доделена на фотографијата која ќе го освои првото место во категоријата поединечни вести, а фоторепортерот кој е сопственик на делото ќе освои награда од 6.000 долари.
Победниците по категории ќе добијат по 3.000 долари, второпласираните по 1.500, а третопласираните по 1.000 долари.
Во категориите „Серија секојдневен живот“ и „Серија портрети“ ќе се додели награда само на првопласираните.
Покрај наградите, на овогодинешните победници во категоријата поединечни вести и серија спортски вести ќе им бидат доделни фотоапарати „Canon EOS R3“, додека на победниците во другите категории ќе им бидат доделни фотоапарати „Canon EOS R5“.
Натпревар во фотографија „Istanbul Photo Awards 2022“ што го органиира Агенција Анадолија поддржан е од од „Canon“, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) и Туркиш ерлајнс.
Пријавите можат да се поднесат на веб страницата „http://istanbulphotoawards.com“ до 15-ти февруари.