Orhan Onur Gemici
24 Мај 2019•Ажурирај: 25 Мај 2019
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Турција соопшти дека е фатен членот на терористичката Марксистичко-ленинистичка комунистичка партија (МЛКП), Умит Емрах Косе, кој се наоѓа на сината листа на барани терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
Според писменото соопштение од Министерството, Умит Емрах Косе, член на терористичката организација МЛКП, со кодно име „Дениз“, баран од Турција со награда од 1 милион и 500 илјади турски лири (околу 250 илјади американски долари), бил фатен во Мерсин од полицијата. Терористот се наоѓал во сината категорија на барани терористи.
Терористот Косе, за кого има обвинение дека е член на вооружена терористичка организација, во Сирија и во северниот дел на Ирак вршел обуки за терористите, за тоа како се изведува саботажа, бомбардирање и како се употребува оружје.