Турција

Технички состанок на делегациите на Турција и Грција

Турската делегација за одбрана во период од 20 до 25 мај се наоѓа во Атина за технички состанок со грчките официјални претставници за зајакнување на соработката, особено во мерките за градење доверба и кодексот за однесување во Егејското Море

Vakkas Doğantekin  | 24.05.2019 - Обновена : 25.05.2019
Технички состанок на делегациите на Турција и Грција

АНКАРА (АА) - Грчкиот министер за одрбана, Евангелос Апостолакис, вчера изјави дека состаноците во Атина меѓу Турција и Грција биле комуникациски канали за добивање најдобри резултати во прашањата поврзани со Егејското Море, јавува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи за новинарите за време на неговата посета на двете грчки бродоградилишта, „Скарамагас“ и „Елефсина“, на брегот на Егејското Море, Евангелос изјави дека тие ќе ги задржат комуникациските канали со Турција отворени за да се добијат најдобри резултати во деескалирање на ситуацијата во Егејското Море и Источен Медитеран.

Тој, исто така, изјави дека мерките за градење доверба ќе обезбедат стабилност и смиреност на морето, преку спречување на близок контакт на поморските сили.

Додаде дека состаноците меѓу двата соседа поминале добро и дека следуваат уште состаноци.

Турската делегација за одбрана во период од 20 до 25 мај се наоѓа во Атина за технички состанок со грчките официјални претставници за зајакнување на соработката, особено во мерките за градење доверба и кодексот за однесување во Егејското Море.

Претходно, повикувајќи ја Грција да дејствува со здрав разум, турскиот министер за одбрана, Хулуси Акар, рече дека енергетските извори во Егејското Море и Источниот Медитеран треба да послужат како мост за мир, дијалог и заеднички развој.

Турција изјави дека активностите за поморско дупчење за барање јаглеводород во морето, кои се извор на тензии меѓу двете земји, во регионот на Источен Медитеран се засноваат на нивните легитимни права што произлегуваат од меѓународното право.

Турција постојано ја обвинуваше администрацијата на кипарските Грци за едностраните дупчења во Источниот Медитеран, нагласувајќи дека кипарските Турци, исто така, имаат права на ресурсите во подрачјето.

Кипар е поделен уште од 1974 година, по државниот удар на кипарските Грци, кој беше проследен со насилства кон турските жители на островот и интервенцијата на Анкара како земја гарант.

Во 1983 година е основана Турската Република Северен Кипар.

Последниве години имаше мировен процес проследен со прекини, а последната неуспешна иницијатива во Кран-Монтана, Швајцарија, под покровителство на земјите гаранти Турција, Грција и Велика Британија, пропадна минатата година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.