Hasan Namlı
24 Мај 2019•Ажурирај: 26 Мај 2019
ДИЈАРБАКИР (АА) - Во турскиот град Дијарбакир е започната истрага против шест осомничени лица кои биле фатени на дело додека се обидувале да продадат книга со верски мотиви составена од 36 страници, со кожна корица и страници од папирус, за која се претпоставува дека е стара 1.400 години, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Гувернерството на Дијарбакир, тимовите на градската жандармерија добиле разузнавачки информации дека три осомничени лица, кои живеат во центарот на градот, барале купувач за оваа книга.
Во рамки на операцијата реализирана вчера, осомничените се фатени на дело додека се обидувале да ја продадат книгата со верски мотиви.
Во овие рамки е запленета книгата напишана на папирус, која се состои од 36 страници и има кожна корица.
Започната е истрага против шесте осомничени лица.