Ferdi Türkten
26 Јуни 2019•Ажурирај: 27 Јуни 2019
АНКАРА (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган изјави дека на претстојните состанои со американскиот претседател Доналд Трамп и со рускиот претседател Владимир Путин ќе разговара за прашањето за Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ќе го изнесам прашањето за Сирија на билатералните состаноци со Трамп и Путин, рече Ердоган пред новинарите на аеродромот во Анкара пред поаѓањето во Јапонија на самитот на лидерите Г-20. На маргините на претстојниот самит Г20 би требало да се состане и со претседателите на САД и на Русија.
Одговарајќи на прашањето за можни санкции на САД кон Анкара, Ердоган истакна дека не е запознаен со тоа дека членките на НАТО сојузот почнале да се казнуваат една со друга.
„Не знам дали земјите на НАТО почнале да се санкционираат една со друга. На состаноците со господин Трамп не стекнав таков впечаток”, додаде Ердоган.
Повторно предупреди на правата на кипарските Турци на прашањата поврзани за источниот Медитеран.
„Сите кои живеат на островот Кипар имаат право на море. Не можеме да се согласиме доколку ќе кажете ние ќе го ставиме под контрола на јужен Кипар' ”, рече турскиот претседател.
Турција смета дека нејзините турски сонародници од Северен Кипар имаат право на исти права како и жителите во јужен Кипар, посебно за пршањето како што е нафтата во источниот Медитеран.
Самитот Г-20 во Осака ќе биде одржан на 28 и 29 јуни, а многумина експерти сметаат дека овој собир е можност да се испрати силен сигнал за поддршка на мултикултурализмот и противење на унилатерализмот и протекционизмот во светот. Се очекува дека многумина светски лидери на самитот ќе бараат консензус и решенија за промоција на глобалниот трговски раст, унапредување на светскиот економски развој и унапредување на глобалното управување.