Tuba Şahin
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
АНКАРА
„Водечките индикатори за четвртиот квартал индицираат на тоа дека растот на Турција се засилува“, истакна турскиот министер за финансии и трезор, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„За да се постигне целта на раст од 5 отсто, ќе се фокусираме на индустриската додадена вредност, интензивирајќи го закрепнувањето на инвестициите и зајакнувањето на секторите фокусирани на производството и вработувањето“, напиша Берат Албајрак на Твитер.
Објавата на Албајрак дојде откако турскиот Институт за статистика (TurkStat) објави дека во третиот квартал од 2019 година економијата на земјата постигна раст од 0,9 отсто во спредба со истиот период минатата година.
Новата економска програма на земјата за 2020 - 2022 година, објавена на 30 септември, цели на 5 % годишна стапка на раст за секоја од следните три години.
„Годишниот раст во индустријата врз основа на намалените трошоци поради успешниот период на балансирање, порастот на индексот на доверба и ефектите од трансформацискиот процес се многу важни“, додаде Албајрак.
Турскиот министер за индустрија и технологија, Мустафа Варанк, во цифрата за раст од 0,9 отсто за третиот квартал исто така укажа и на улогата на закрепнувањето во домашната побарувачка.
„Индустриското производство, нарачките, употребеноста на капацитетите и довербата во економијата се во пораст“, напиша Варанк на Твитер.
„Работиме напорно за да постигнеме поголем раст инициран од производството“, додаде турскиот министер.