Gökhan Ergöçün
02 Декември 2019•Ажурирај: 04 Декември 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - Преку компостирање, согорување и процеси во други постројки Турција рециклираше 48 милиони тони отпад во 2018 година, покажуваат официјалните податоци објавени денес, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Осум погони обработиле 138.000 тони отпад и произвеле 35.000 тони компост, додека пак 40 фабрики го користеле процесот на согорување и трансформирале 1 милион тони отпад за добивање енергија“, соопшти турскиот Институт за статистика (TurkStat).
„Во 2.009 други лиценцирани погони рециклирани се 47 милиони тони метал, пластика, хартија, минерали итн.“, се додава од ТуркСтат.
Околу 56,5 милиони тони отпад е отстранет во различни погони минатата година, меѓу кои и 17 милиони тони опасен отпад.
Во 2018 година, во Турција биле активни 2.223 постројки за отпад, 166 постројки за одложување на отпад и 2.057 погони за рециклирање на отпад.