Gözde Bayar
02 Декември 2019•Ажурирај: 03 Декември 2019
ИСТАНБУЛ
Приведени се вкупно 25 осомничени лица поради наводи за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Истанбулскиот Кривичен мировен суд ги притвори осомничените, вклучувајќи војници на активна должност, како дел од истрагата за инфилтрирање на терористичката група во Турските вооружени сили.
Осомничените беа обвинети за членство во вооружената терористичка организација.
Налози за приведување се издадени за девет други осомничени лица.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрација на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.