Dilara Hamit
02 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
АНКАРА (АА) - Најмалку 3.467 нерегуларни мигранти беа задржани низ цела Турција во текот на изминатата недела, покажуваат податоците што ги доби Агенција Анадолија од безбедносни извори.
Турските жандармериски сили задржаа 1.269 мигранти во северозападната област Едрене, која граничи со Грција и Бугарија.
Според локалните извори во Едрене, Грција ги интензивирала активностите за испраќање на нерегуларните мигранти во Турција, прекршувајќи ги Женевските конвенции, Европската конвенција за човекови права и Конвенцијата на ОН против тортура.
Во крајбрежните подрачја на Мугла, Чанаккале, Измир, Баликесир и Ајдин, турската Крајбрежна стража и силите на жандармеријата фатија над 1.926 мигранти.
Од Крајбрежната стража соопштија дека од вкупно 143 мигранти кои пловеле од Ајвалик во областа Баликесир, 50 биле деца од Авганистан.
Турција е клучна транзитна рута за нерегуларните мигранти кои сакаат да стигнат во Европа за да започнат нов живот, особено оние што бегаат од војна и прогонство.
Во северозападните области Киркларели и Текирдаг, задржани вкупно 61 мигрант од страна на жандармериските сили.
Исто така, 37 мигранти се задржани во главниот град Анкара.
Вкупно 174 нерегуларни мигранти беа задржани во јужните Адана, Хатај и Кахраманмараш, западна Маниса и југоисточен Газиантеп.
Мигрантите се државјани на Пакистан, Конго, Сирија, Ирак, Иран, Авганистан, Мароко, Египет, Бангладеш, Сомалија, Јемен, Палестина, Мали, Габон, Сенегал, Бурунди, Камерун, Ангола, Либија, Либан и Јужна Африка.
Сите задржани мигранти во текот на неделата се однесени или во болниците за медицински третман или се пренесени во обласните канцеларии за миграции.
Според турското Министерство за внатрешни работи, во 2018 година во Турција задржани се 268.000 нерегуларни мигранти.
Турскиот министер за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, соопшти дека досега оваа година, задржани се околу 336.707 нерегуларни мигранти.