Muhammed Boztepe
01 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
АНКАРА (АА) - МУХАМЕД БОЗТЕПЕ - Министерството за внатрешни работи на Турција во три недели депортираше 21 странски терористички борец во нивните земји, а во центрите за враќање моментално останаа уште 938 странски терористички борци, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои дојде АА, ова министерство продолжува со процесот за депортирање на странските терористички борци во нивните земји.
Во овие рамки, во периодот од 11 ноември до 1 декември, од Турција депортирани се 13 државјани на Германија, двајца државјани на Белгија, двајца државјани на Холандија, еден државјанин на Данска, еден државјанин на Велика Британија, еден државјанин на САД и еден државјанин на Иран.
Во центрите за враќање моментално останаа уште 938 странски терористички борци.
Во рамки на операциите во земјата, во периодот од 2016 до 2019 година неутрализирани се вкупно 1.058 терористи на терористичката организација ДЕАШ.
Безбедносните сили во последните две години спречија 5 обиди на ДЕАШ за реализирање активност.
Во овие години, спречен е влезот во земјата на 8.922 лица за кои се вели дека биле странски терористички борци.