Gazi Nogay
30 Ноември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
ЧОРУМ (АА) - Во рамки на археолошките ископувања во античкиот град Шапинува кој се наоѓа во подрачјето на Ортаќој во турската област Чорум, откриени се човечки череп и феморална коска стари 3.500 години, за кои се вели дека датираат од периодот на Хетитите, јавува Агенција Анадолија (АА).
Проф. д-р Ајѓул Суел, раководителка на ископувањата, во изјава за медиумите истакна дека реализираат ископувања во две различни зони на ова место, и дека дошле до многу значајни наоди во врска со Хетитите.
Суел рече дека во рамки на ископувањата дошле до важно откритие, при што додаде: „Откривме човечки череп и феморална коска кои датираат од периодот на Хетитите. Ова е многу важно откритие.“
Според неа, Шапинува и Хатуша се два града откриени досега кои датираат од периодот на Хетитите.
„Сметаме дека откриените делови на скелетот ќе ни понудат нови информации во врска со Хетитите“, рече Суел, нагласувајќи дека започнати се антрополошки испитувања во врска со овие откритија.
Суел нагласи дека се претпоставува оти черепот и феморалната коска се стари 3.500 години.