Melike Pala
05 Ноември 2026•Ажурирано: 05 Ноември 2026
Патнички авион на полската авиокомпанија „ЛОТ“, кој летал од Варшава кон Брисел, безбедно слета денес откако надлежните добиле сомнителна дојава поврзана со летот, објави белгискиот јавен сервис ВРТ, пренесува Анадолу.
Според БРТ, дојавата била примена непосредно пред авионот да слета на аеродромот во Брисел.
Аеродромските власти соопштија дека Федералната полиција веднаш извршила процена на ризикот во согласност со утврдените процедури.
„По истрагата на Федералната полиција беше утврдено дека нема потреба од дополнителни мерки. Во меѓувреме авионот слета безбедно“, соопшти прес-службата на аеродромот.
Истовремено, медиумите известуваат дека денес неколку авиони беа пренасочени или принудно слетале од превентивни причини во Франција, Италија, Чешка, Бугарија и Австрија.
Полицијата истражува дали инцидентот денес, четврток, е поврзан со слични дојави за авиони низ Европа претходно оваа недела.
Претходно оваа недела најмалку седум авиони за време на лет добиле дојави за поставени бомби, поради што биле активирани итни безбедносни мерки.
При проверките на авионите не биле пронајдени експлозивни направи, според наводите.