Yusuf Soykan Bal
05 Ноември 2026•Ажурирано: 05 Ноември 2026
АНКАРА (АА) – Турскиот министер за национална одбрана Јашар Ѓулер денес се сретна со катарскиот колега шеикот Сауд бин Абдулрахман ал-Тани во Анкара, јавува Анадолу.
Ѓулер го пречека Ал-Тани, кој престојува во Анкара на покана на Турција, во седиштето на Министерството, соопшти турското Министерство за национална одбрана на социјалната мрежа НСосијал.
Двајцата министри одржаа разговори по официјалната воена церемонија за пречек.