Abdullah Tevge
20 Март 2021•Ажурирај: 21 Март 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во рамките на натпреварите од американската Национална кошаркарска лига (НБА), тимот на Јута Џез со резултат 112:115 извојува победа на гостувањето кај Торонто Репторс, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Синоќа се одиграа 10 натпревари. Екипата на Јута Џез, која е лидер во Западната конференција и тим со најдобар сооднос на победи и порази во НБА, стана првата екипа што сезонава постигна 30 победи. Во текот на целиот натпревар се водеше голема битка меѓу Репторс и Џез.
Најпрецизни во редовите на Џез беа Донован Мичел со 31 поен, 6 асистенции и 5 скока, Џо Инглес со 19 поени, 6 асистенции и 5 скока, а Руди Голберт постигна дабл-дабл од 15 поени и 16 скока.
Кај Репторс, Паскал Сајакем постигна 27 поени, 9 асистенции и 5 скока, Фред Ванвлит 17 поени, 9 асистенции и 6 скока, а Норман Пауел 17 поени и 5 скока, но тоа беше недоволно за да се избегне поразот од Јута Џез.
- Нов пораз на Кавалирс и Џеди Осман -
Екипата на Кливленд Кавалирс, која се наоѓа на последното место во Источната конференција, на домашен терен загуби од Сан Антонио Спарс со резултат 110:116.
Кај Спарс најпрецизен беше Келдон Џонсон со дабл-дабл од 23 поени и 21 скок, давајќи голем придонес во победата на гостите. Свој придонес во победата на гостите дадоа Деџонте Мaрej со 22 поени, 6 скока и 3 асистенции и Демар Дерозан со 20 поени и 7 скока.
Кај Кавалирс најпрецизни беа Дариус Гарланд со 29 поени, 8 асистенции и еден скок и Колин Секстон со 29 поени, 5 скока и 2 асистенции.
- Кармело Ентони ја мина границата од 27.000 поени -
На натпреварот на кој Портланд Треил Блејзерс на домашен терен го совлада тимот на Далас Маверикс со 125:119, Кармело Ентони постигна 18 поени и се запиша во историјата на НБА како 11. кошаркар кој ја минал границата од 27.000 постигнати поени.
- Резултати:
Бостон Селтикс - Сакраменто Кингс 96:107
Кливленд Кавалирс - Сан Антонио Спарс 110:116
Орландо Меџик - Бруклин Нетс 121:113
Торонто Репторс - Јута Џез 112:115
Мајами Хит - Индијана Пејсерс 110:137
Хјустон Рокетс - Детроит Пистонс 100:113
Мемфис Гризлис - Голден Стејт Вориорс 103:116
Денвер Нагетс - Чикаго Булс 131:127
Феникс Санс - Минесота Тимберволвс 113:101
Портланд Треил Блејзерс - Далас Маверикс 125:119.